ВИДЕО: Обезбедувањето жестоко влечеше мало дете, Меси го спаси и му ја исполни желбата

1 min read

ПСЖ го освои првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона откако во Суперкупот на Франција со 4:0 го совлада Нант.

Гол серијата на париските „светци“ ја започна една од најголемите ѕвезди во екипата, Лионел Меси кој стрелаше во 22 минута.

Аргентинецот имаше одлична партија, со мајсторски погодок, и воедно беше прогласен за фудбалер на мечот.

Мечот се одигра во Тел Авив (Израел), а навивачите бараа на секаков начин да дојдат до фудбалерите на ПСЖ да земат автограм, да направат селфи или побараат дел од опремата.

Едно дете дојде во близина на тунелот со цел да се слика со Меси. Обезбедувањето жестоко го влечеше детето, Меси веднаш реагираше и му ја исполни желбата на младиот фан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петрич: На Балканот се случува конфликт кој може да се запре, но има потенцијал за ескалација

Следно

Петар Грашо хоспитализиран, се огласи неговата менаџерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian