На социјалната мрежа ТикТок кружи видео од британската кралска двојка, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, пред својата љубов да ја озаконат со брак, а очигледно е дека потполно уживале во младоста пред да мораат да им се посветат на кралските обврски.
Иако војводата и војвотката од Кембриџ и ден-денес се многу опуштен пар и секогаш се подготвени да истражуваат и испробуваат нови нешта, сепак, мора да го следат кралскиот протокол и правилата кои не им дозволуваат да се однесуваат како што сакаат.

Видеото од младите Вилијам и Кејт прикажува фотографии од двајцата како уживаат, танцувајќи во ноќен клуб, а папараците ги фатиле и по излегувањето од клубот во, веројатно, алкохолизирана состојба додека влегуваат во автомобилот.
Парот поради тоа нималку не им забележал на оние кои го виделе видеозаписот, повеќе од четири милиони луѓе, а многумина под видеото коментирале дека се изненадени и среќни поради нивната поврзаност и љубовта која веќе долго трае.
@danideeeee1 party hard 😅 like normal young people 😊 #katemiddleton #princewilliam #duchessofcambridge #dukeofcambridge #royalfamily #fyp #royal #party ♬ Hard Times – Paramore
„Мислев дека никогаш не се забавувале…“, напишал еден корисник.
„Прекрасни се заедно!“, „Секогаш опуштени и кул“, пишувале други.
Инаку, кралскиот пар се запознал во 2002 година додека и двајцата студирале на Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска. Вилијам и Кејт беа пет години во врска, а потоа накратко раскинаа во 2007 година.
Меѓутоа, судбината и љубовта повторно ги споиле, па Вилијам ја запроси Кејт во 2010 година, а во 2011 година имаа вистинска кралска венчавка.

Во среќниот брак добија три деца – Џорџ, Шарлот и Луис, а на многумина им токму тие им се омилениот кралски пар и ги гледаат како вистински престолонаследници на англиската круна.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам среќни и вљубени: Идниот крал воведува промени во монархијата
ФОТО | Откриен е првиот официјален заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
ФОТО | Откриен е првиот официјален заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам