УБАВ ГЕСТ: Дејвис ги донираше парите од пласманот на СП во хуманитарни цели

2 mins read

Алфонсо Дејвис, играчот на Баерн Минхен ги донираше сите пари од наградата за Светското првенство во Катар со репрезентацијата на Канада во хуманитарни цели.

– Канада ми даде дом на моето семејство и мене и ни даде можност за подобар живот. Тоа ми овозможи да ги остварам моите соништа. Голема чест е да играм за Канада и сакам да се оддолжам. Затоа решив да ги донирам сите пари од наградата за пласман на Светското првенство во добротворни цели – напиша Дејвис на својот Твитер профил.

Брзоногиот лев бек е по потекло од Либерија, а роден е во бегалски камп во Гана на 2 ноември 2000 година. Неговите родители емигрирале во Канада во 2005 година бегајќи од војната во Либерија и се населиле во Едмонтон.

Дејвис својата професионална кариера ја започна во Ванкувер, од каде во 2018 година се пресели во Минхен, каде најпрво играше за вториот тим на Баерн.

Од 2019 година тој е стандарден првотимец на баварскиот гигант. Дејвис за Канада одигра 32 натпревари и постигна 12 гола.

Канада по 36 години пост ќе учествува повторно на Мундијал, а во Катар ќе ги одмери силите во групата „Ф“ со селекциите на Белгија, Мароко и Хрватска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србите масовно купуваат имоти на Халкидики, минатата година продадени 15.000 станови

Следно

Каролина Гочева позитивна на коронавирус, го откажа концертот во Охрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian