Силвестер Сталоне ги нападна колегата и продуцентите на новиот „Роки“: Вратете ми ги правата, крвопијци!

4 mins read

Актерот Силвестер Сталоне (76) со сите сили се бори за правата на франшизата на својот херој Роки, па поради таа причина јавно го нападна неодамна најавениот спиноф на франшизата Роки наречен „Драго“. Освен тоа, тој ги нападна и продуцентите вклучени во снимањето на филмот кој наводно започнал. Меѓу другото, актерот бил многу повреден што за тоа апсолутно никој, па ниту неговиот колега Долф Лундгрен (64) не го известил.

– Уште еднаш Ирвин Винклер, тој патетичен 94-годишен продуцент и неговите моронски деца мршојадци, Чарлс и Дејвид, повторно ги глодаат коските на уште еден прекрасен лик што јас го создадов, без тоа да ми го каже… Им се извинувам на фановите, никогаш не сакав ликовите на Роки да ги искористуваат овие паразити“, започнал актерот во објавата на социјалните мрежи.

Сталоне објавил и фотомонтажа на која Винклер како вампир му ја пие крвта на Роки и му забива нож во грбот, а набргу потоа сè тргнал од својот профил .

Тој, исто така, го критикуваше својот долгогодишен пријател и колега Лундгрен, кој го толкува советскиот боксерски шампион Иван Драго во филмовите „Rocky IV“ и „Creed II“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Сепак, сè уште не е јасно дали Лундгрен ќе ја повтори својата улога во спинофот „Драго“.

– Инаку, јас го почитував Долф, но тој никогаш не ми кажа што се случува зад мојот грб со ликот што му го создадов! Вистинските пријатели се поскапоцени од златото – продолжил огорчено.

– Се претпоставува дека најомразениот, неталентиран, пропаднат продуцент во Холивуд и неговите кукавички деца го пронајдоа својот следен оброк… Драго. Вратете ми ги правата, крвопијци! – заклучил Сталоне и се запрашал:

– Долф, зошто? Дури ниту телефонски повик?.

Новинарите на магазинот „Пипл“ се обиделе да стапат во контакт со претставниците на Винклер и Лундгрен, но тие не им одговориле.

Сепак, според зборовите на Лундгрен, се чини дека сè е во ред меѓу нив.

„Само да корегирам некои работи во врска со спинофот. Нема одобрено сценарио, нема договор, нема режисер. Минатата недела дојде до протекување во печатот и тоа е чиста несреќа. Во контакт сум со господинот Балбоа така што можат сите фанови да се опуштат“, напишал Лундгрен.

Имено, Сталоне се обидел и претходно да се избори за своите права на приказната и ликот што ги создал.

– Имам нула проценти сопственост на франшизата – открил тој за „Вариети“ во 2019 година.

Тој истакна дека е многу лут затоа што не може да остави никаков удел во тој капитал на своите деца, но и дека жали што не бил доволно упорен кога преговарал за договорот за оригиналниот филм.

Да потсетиме, актерите Сталоне и Лундгрен беа ривали во четвртото продолжение на филмот за Роки Балбоа, а по снимањето на драматичните спортски сцени Сталоне бил убеден дека нема да преживее.

Филмот е прикажан во 1985 година. Во своето видео на Јутјуб, Сталоне откри непознати детали од снимањето.

– Прво го снимивме неговото и моето влегување, а потоа почна тепачката. Во текот на снимањето на борбата се здобив со сериозни повреди, поради што екипата мораше итно да ме префрли од Канада во Калифорнија на одделението за интензивна нега. Крвниот притисок ми скокна на 260 и бев сигурен дека нема да преживеам – открил тој.

Четири дена бил на интензивна нега, а потоа се вратил да ја заврши сцената.

ФОТО | Најјакото селфи на светот: Ваква екипа нема никаде!

ФОТО | Силвестер Сталоне наполни 75 години: Блиските со хумористични честитки

Силвестер Сталоне тажен до небо поради колегата Брус Вилис: Се молам за тебе и твоето семејство!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голманот Јанков ќе настапува во втората романска лига

Следно

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ИНФЛУЕНЦАТА: Вкупно 815 новоаболени од Ковид и четворица починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian