Шокантни преписки помеѓу Џони Деп и Мерилин Менсон: Имам покрај себе Амбер 2, вели дека сум ја претепал

3 mins read

На виделина излезе преписката помеѓу актерот Џони Деп и музичарот Мерилин Менсон од 2016 година, во која музичарот ја споредува неговата тогашна сопруга Линдзи Јузик со Амбер Херд, во тоа време веќе поранешна сопруга на Деп.

Џони Деп и Мерилин Менсон/Фото: Профимедиа

„Имам покрај себе Амбер 2.0“, му напишал Менсон на Деп, жалејќи се дека Линдзи поднела барање за забрана за приоѓање, тврдејќи дека тој ја „претепал“ и дека чувал наркотици во куќата.

Деп на својот пријател му дал инструкции да остане мирен и да не дозволи да го погодат такви обвиненија, акцентирајќи дека е важно „да не ѝ го дава тоа што сака да го постигне“, пренесува „Дејли мејл“.

Овие текстуални пораки биле објавени минатиот викенд, кога биле отпечатени илјадници страници документи поднесени во текот на судскиот процес на Џони Деп и Амбер Херд.

Менсон продолжил да му испраќа пораки на Деп, полни со загриженост: „Имам сериозно полициско сценарио во стилот на Амбер со семејството на Линдзи. По ѓаволите, под стрес сум. Не знам дали се врати, но ми треба азил некаде, затоа што мислам дека полицијата би можела да тргне по мене“.

Актерот повторно го посоветувал „да се држи на дистанца и што помалку да разговара со неа“.

„Ова е проклето. Рекла дека сум ја претепал и на полицијата ѝја дала мојата адреса. Им рекла и дека имам дрога овде. Така што сум спремен да си одам оттука“, напишал музичарот.

Џони Деп во спот на Мерилин Менсон/Фото: Профимедиа

Понатамошната кореспонденција открива дека Џони и Мерилин разговарале за тоа да имаат своја пештера, алудирајќи на филмот „Salò“: „Ајде да имаме свој Сало, но без геј работи кај нас“.

Инаку, филмот е забранет во неколку земји поради прикажувањето на силувања, мачења и убиства, главно на луѓе за кои се верува дека се малолетни.

Во следната порака, Менсон му рекол на Деп дека ќе го запознае со „нова обожавателка“, наведувајќи и дека таа е полнолетна.

„Мојата нова обожавателка сака да те запознае. Изгледа дека ти треба. Верувај ми. Ќе ти испратам фотографија. Има 18 години“, напишал тој.

Инаку, за да биде сè побизарно, и покрај сите пораки и обвинувања, Линдзи и Мерилин се венчаа во 2020 година, четири години по контроверзните пораки, а и денес се во брак.

Мерилин Менсон и Линдзи Јузик/Фото: Профимедиа

Полицијата издаде налог за апсење на Мерилин Менсон

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Огорчени навивачи на Баерн го пречекаа Левандовски

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Мицкоски: Илинден нѐ учи дека нема откажување, преку обединување да се бориме против предавствата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian