Пробајте ги бомбиците „бригадеиро“ и почувствувајте го вкусот на Бразил

1 min read

Бригадеиро се традиционални бразилски чоколадни бомбици. Обично се прават од кондензирано млеко и какао.

Состојки:

За бомбиците:

– 400 г кондензирано млеко (1 конзерва)

– 3 лажици какао

– 1 лажица путер

За декорација

– кокос

– чоколадни трошки

– сечкани ф’стаци

– сечкани ореви

– бадеми во ливчиња

– шеќер во прав

– какао

– разнобојни шеќерни трошки

Подготовка:

Во сад за готвење сипете го кондензираното млеко, додадете ги какаото и путерот, па варете на тивок оган со постојано мешање додека смесата не се соедини и почне да се одвојува од дното на тенџерето, околу 10 минути.

Потоа тргнете ја смесата од ринглата и префрлете во поширок сад за побрзо да се излади.

Од топлата смеса за бомбици земајте со мало лажиче и тркалајте топчиња со големина на мал орев. Украсете ги топчињата по желба. Изборот е огромен, од кокосово брашно до шеќер во прав, ореви, лешници, чоколадо, чоколадни трошки. Многу се вкусни и убави на око.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Му украдоа 10.000 поени на Ѓоковиќ, му се заканува испаѓање од Топ 10

Следно

Поставено спомен обележјето за АСНОМ во манастирот Прохор Пчински

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian