Петар Грашо хоспитализиран, се огласи неговата менаџерка

1 min read

Хрватскиот пејач Петар Грашо завршил на инфузија, откако му паднал имунитетот поради напорниот распоред и бурното темпо.

Веста за „Стори“ ја потврди менаџерката на Грашо, Мартина Подгорски.

– Прими витаминска инекција, па не станува збор за некои посериозни ситуации и болница“, рекла таа.

На прашањето како е на новопечената мајка Хана Хуљиќ и нивната ќерка Алба, таа одговорила дека „со нив се е во најдобар ред“.

Да потсетиме, Хана Хуљиќ и Петар Грашо пред неколку дена станаа родители по првпат. Хана го напушти сплитското породилиште на крајот на јули. Таа беше придружувана од својата мајка Вјекослава Хуљиќ.

Инаку, За нивната љубов се дозна во октомври 2020 година, недолго откако пејачот ја прекина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

Грашо и Хана го кажаа судбоносното „да“ на 19 февруари во сплитската црква „Св. Доминик“ – парот се заколна на вечна љубов пред членовите од најблиското семејство, како и кумовите.

Петар Грашо закажал настап на денот на породувањето на сопругата: Кој е коментарот на Хана?

Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана и медиумскиот интерес: Го зеде моето презиме, но…

Хана Хуљиќ Грашо го напушти породилиштето: Први фотографии од Алба

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Обезбедувањето жестоко влечеше мало дете, Меси го спаси и му ја исполни желбата

Следно

ВО ЖИВО | Обраќање на премиерот Ковачевски од централната прослава на Мечкин Камен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian