Павароти 15 години по смртта добива ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

1 min read

Италијанскиот тенор Лучано Павароти, кој почина во 2007 година, на 24 август постхумно ќе биде одликуван со ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.

Ѕвездата на Павароти ќе биде 2.730 ѕвезда на овој познат холивудски булевар, а на настанот како говорник е поканет американскиот диригент Џејмс Конлон.

Во име на семејството, на церемонијата ќе присуствува Кристина Павароти, една од трите ќерки на пејачот од првиот брак.

Павароти, роден во Модена во 1935 година, се смета за еден од најважните тенори на 20 век, а настапувал во сите поголеми оперски куќи во светот.

Светска слава стекна и со изведбите на „Тројцата тенори“, со Пласидо Доминго и Хозе Карерас. Тој беше познат и по неговите хуманитарни концерти наречени „Павароти и пријателите“ (Pavarotti & Friends), каде пееше дуети со светски рок и поп-ѕвезди.

Павароти почина од рак на панкреасот на 6 септември 2007 година на 71-годишна возраст.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Челси нуди 130 милиони евра за тројца играчи на Интер

Следно

Мицкоски: Илинден не учи дека нема откажување, преку обединување да се бориме против предавствата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian