Остри критики за Бијонсе: Со новата песна ги навреди луѓето со попреченост, ќе мора да ја преснима

2 mins read

Новиот албум „Renaissance“ на музичката дива Бијонсе содржи една песна, чиј текст ги налути обожавателите. Станува збор за песната „Heated“, поточно за стихот „Spazzin on that ass, spaz on that ass“, што отприлика би значело „се грчам на тој задник“, притоа алудирајќи на спастичност. Во стиховите на песната стои терминот spaz, кој често се користи за деградирање на луѓето кои имаат спастична церебрална парализа.

Терминот се смета за понавредлив во Велика Британија отколку во САД, па многу обожаватели побараа од Бијонсе да го исфрли стихот од нејзината нова песна.

Исто така, неколку активисти на социјалните мрежи се изјаснија дека се против песна која користи ваков израз.

– Значи Бијонсе го користи и терминот „спаз“ во својата нова песна? Зарем ништо не научивме – напиша еден интернет корисник.

– Бијонсе го употреби зборот „спаз“ во својата нова песна „Heated“. За мене, за заедницата на лицата со попреченост и за напредокот што се обидовме да го постигнеме со Лизо, тоа е како шлаканица – напиша застапничката на лицата со попреченост, Хана Дивајни.

„Мојата намера беше да создадам безбедно место. Место без осудување. Место без перфекционизам и премногу размислување. Место за врескање, ослободување, чувство на слобода“, напиша Бијонсе на својата веб-страница.

„Овој збор не е намерно употребен на штетен начин. Ќе биде заменет“, изјавиле за „Би-би-си“ од тимот на пејачката, објаснувајќи дека овој термин може да има различни конотации, како и дека ќе снимат песна во која спорните стихови ќе бидат заменети.

Реакцијата доаѓа само неколку недели откако американската поп-ѕвезда Лизо се извини што ги употреби истите зборови во нејзината песна „GRRRLS“ и се соочи со критики и повторно ја објави песната изоставувајќи го спорниот текст.

Откако беше критикувана на интернет за вклучување на тој збор, Лизо ја преуреди песната и даде изјава во која вели дека никогаш не сакала да промовира погрден јазик.

Бијонсе пее за неверството на Џеј Зи и за скандалот со нејзината сестра во новиот албум „Renaissance“

Бијонсе се врати со нов албум: Со „Renaissance“ започнува нова клупска ера

Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сообраќајка утрово кај Железничка

Следно

Џафери: Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian