Официјално: Диого Жота потпиша нов договор со Ливерпул

1 min read

Португалскиот репрезентативец ќе ги брани боите на Ливерпул до лето 2027 година. Диого Жота потпиша нов договор на пет години.

Го облече дресот на „црвените“ доаѓајќи од редовите на Вулверхемптон во 2020 година и им се придружи на Мохамед Салах, Трент Александер-Арнолд, Џордан Хендерсон и Фабињо кои претходно потпишаа долгорочни договори со Редси.

Овој 25-годишен играч минатата сезона постигна 21 гол во сите натпреварувања за клубот од „Енфилд“, а сега конкуренција во нападот ќе има во Дарвин Нуњез кој стигна од Бенфика.

– Горд сум што потпишав нов договор со Ливерпул. Откако дојдов пред две години, се етаблирав како важен играч во тимот и тоа го посакував од самиот почеток. Сега потпишав долгорочен договор, тоа е показател дека клубот ми верува, а јас ќе продолжам добро да работам за да обезбедиме најдобри можни резултати за тимот следната сезона – рече Жота за клупскиот сајт.

Со Ливерпул успеа до сега да ги освои по еднаш ФА Купот, Лига купот и Комјунити Шилд, а лани беше финалист во Лигата на шампионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Додека Трифонов пееше за Македонија, неговите министри без контрола бараа милијарди левови

Следно

Патник казнет со 1.874 долари бидејќи во багажот му нашле сендвич

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian