Му украдоа 10.000 поени на Ѓоковиќ, му се заканува испаѓање од Топ 10

2 mins read

Новак Ѓоковиќ зад себе има сезона за заборав, очигледно ќе му биде ускратено учество на уште еден грен слем турнир, а тоа не е најлошото, поради своите ставови за вакцинација уксратено му е да се бори за 10.000 поени, што е невидено во светот на тенисот.

Ѓоковиќ напорно тренира и се надева дека од САД ќе има добри вести дека ќе му биде дозволено да учествува на „УС Опен“ (29 август – 11 септември), но тешко дека одлуката ќе биде сменета пред стартот на турнирот.

Ѓоковиќ го брани ланското финале во Њујорк, а доколку не учествува ќе се соочи со уште подраматичен пад на АТП листата. Ноле моментно е шести во светот, а без бодови од „УС Опен“ би можел да испадне од топ 10.

Еден од фановите на Новак на Твитер пресмета дека на српскиот ас му е ускратено да се бори за дури 10.000 поени.

Ѓоковиќ не може да влезе невакциниран на тлото на Соединетите Американски Држави и Канада, каде покрај учеството на „УС Опен“, би можел да игра и во Синсинати, Индијан Велс и Мајами, а без тие турнири го губи правото да се бори за 5.000 бодови.

Иванишевиќ: Ѓоковиќ ќе игра уште пет години, сака 30 грен слем титули

Тука е и турнирот во Монтреал, потоа Австралија каде бранеше 2.000 поени, но не му беше дозволен влез во таа држава, а воедно остана без 2.000 поени на „Вимблдон“, кој годинава беше од ревијален карактер.

Во моментов Ѓоковиќ има 4.770 поени од само 11 турнири, додека Стефанос Циципас, на пример, е пред него со бодови за учество на дури 22 турнири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сообраќајна полиција има на секој чекор во Скопје, еве колку санкции се изречени вчера

Следно

Пробајте ги бомбиците „бригадеиро“ и почувствувајте го вкусот на Бразил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian