Михаил Талевски од Пелистер потпиша договор со Осиек

1 min read

Михаил Талевски (2004) потпиша договор со екипата на Осиек од Хрватска, со траење од три години.

Има 18 години, игра на позицијата напаѓач и е презадоволен од остварената соработка со хрватскиот клуб:

– Ова е голем чекор за мене, остварување на моите фудбалски идеи. Ќе настапувам во лига која е силна и расадник на голем број фудбалски таленти. Хрватската репрезентација е финалист на последното светско првенство и мислам дека многу ќе напредувам во мојот нов клуб – се првите зборови на Талевски, по потпишувањето на договорот.

Македонскиот репрезентативец играше за екипата на Пелистер, а во хрватското првенство се сели веднаш.

Отштетата на сметката на битолскиот фудбалски клуб веќе е исплатена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсен приврзаник на ИД во Албанија  

Следно

Што можете да земете од хотелска соба, а што не смеете? Сапун слободно, крпа никако!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian