Лекарите објаснија што треба да направите: Како наглото влегување во море може да предизвика инфаркт

2 mins read

Високите надворешни температури негативно влијаат врз кардиоваскуларниот систем, така што крвните садови се шират, што може да предизвика промени во притисокот, слабост и несвестица.

Поради дехидратација, крвта станува погуста, што може да доведе до згрутчување на крвта и тромбоза.

Како последица на прекумерното изложување на сонце, може да настане топлотен удар кога покрај многу црвена и топла кожа, ќе се појави и главоболка, забрзано чукање на срцето, забрзано дишење, висока телесна температура и мачнина.

Тоа е многу опасна состојба и за здравите луѓе, особено за хроничните пациенти, децата, старите лица и работниците што работат на отворено.

Лекарите го свртуваат вниманието на многубројните опасности за кардиоваскуларните пациенти, како и за совршено здравите луѓе, за време на екстремни горештини.

Она што е исто така многу опасно за срцето се наглите промени на температурата, а крајно е опасно да се бара брзо освежување на високи температури. И не се работи само за климатизирани соби, туку и за влез во море. Имено, доколку сте поминале време на плажа, при ненадејно влегување во студено море, езеро или река, може да дојде до нагло стеснување на крвните садови на срцето, што може да предизвика инфаркт на миокардот и да доведе до застој на срцето, односно срцев удар, пишува „Ординација.хр“.

Кога зборуваме за ладна вода, зборуваме за места за капење каде што температурата на водата е под 26 степени.

Некои луѓе пријавиле дека откако влегле во студената вода, почувствувале морници, треска и аритмија, што е доволен знак за предупредување веднаш да излезат од водата.

Пред да влезете, треба привремено да го подготвите вашето тело. Намокрете ги градите, лицето, вратот и полека запливајте. Најважно е да ги намокрите градите и главата, бидејќи тоа се деловите од телото што се најчувствителни на ладното.

Кога телото ќе се приспособи на температурата на водата, тогаш можете и да скокате.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Аеродром, овие улици ќе бидат без вода

Следно

Сообраќајна полиција има на секој чекор во Скопје, еве колку санкции се изречени вчера

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian