Koj e Николај Милков новиот шеф на бугарската дипломатија, наследникот на Генчовска

2 mins read

Новиот шеф на бугарската дипломатија Милков е професионален дипломат и доаѓа на функцијата од амбасадор на Бугарија во Франција, а претходно беше амбасадор во Канада и Романија.

Во Министерството за надворешни работи на Бугарија се одржа церемонија на примопредавање меѓу поранешната министерка Теодора Генчовска и новоименуваниот вршител на должноста министер за надворешни работи Николај Милков.

Двајцата функционери ја истакнале потребата од континуитет и доследност во постапките и ставовите на Министерството за надворешни работи, кое, според нив, изградило сериозни традиции во заштитата на националните интереси.

Новиот министер за надворешни работи Николај Милков и честиташе на Теодора Генчовска за постигнатиот напредок во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, бидејќи двајцата се обединија околу ставот дека Бугарија треба да води достоинствена надворешна политика со отвореност кон општеството.

Милков беше дециден дека главен приоритет за привремената влада е организирањето на претстојните предвремени парламентарни избори на 2 октомври што според него процесот нема да биде лесен.

Во меѓувреме од она што пишуваат бугарските медиуми новиот шеф на бугарската дипломатија Милков е професионален дипломат и доаѓа на функцијата од амбасадор на Бугарија во Франција, а претходно бил амбасадор во Канада и Романија. Тој е роден во Софија на 10 декември 1957 година. Дипломиран на Катедрата за меѓународни односи на Универзитетот за национална и светска економија. Милков од 1992 година е на различни цивилни функции во Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи. Новиот министер за надворешни работи исто така бил член на Комисијата за контрола на извозот и секретар на Меѓуресорскиот комитет за членство на Бугарија во НАТО. Тој е поранешен амбасадор на Бугарија во Романија и Канада, генерален конзул во Њујорк и актуелен вонреден и ополномоштен амбасадор во Француската Република и Кнежеството Монако и постојан делегат во УНЕСКО.

Според пишувањата на тамошните медиуми новиот шеф на бугарската дипломатија има одлични релации со претседателот Румен Радев, што во исто време се наметнува дилемата какви релации ќе гради тој со Македонија доколку се зеде во предвид дека политиките на Радев кон Македонија изминатиот период беа конзервативни.

Инаку, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, станува заменик министер за одбрана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Испливаа снимки од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам како лудо се забавувале пред да се венчаат

Следно

Драма во Ѓорче: Се заканиле на вработениот и одзеле пари и други вредни предмети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian