Каролина Гочева позитивна на коронавирус, го откажа концертот во Охрид

1 min read

Музичката ѕвезда Каролина Гочева преку своите профили на социјалните мрежи ја информираше јавноста дека, за жал, мора да го откаже концертот во Охрид кој беше закажан за четврток, затоа што се тестирала и е позитивна на ковид-19.

„Драги мои, многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен“, објави Каролина на Фејсбук и Инстаграм.

Каролина со голем концерт на отворено во Скопје, ќе ги пее сите нејзини хитови

ФОТО | Центар за култура Битола со убава вест: Концерт посветен на великаните Тоше Проески и Аки Рахимовски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УБАВ ГЕСТ: Дејвис ги донираше парите од пласманот на СП во хуманитарни цели

Следно

ИН МЕМОРИАМ : Почина ортопедскиот хирург др. Тодор Ношпал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian