Холандски фудбалски клуб им забрани на навивачите да бараат дресови од играчите

1 min read

Екипата на Ајакс од Амстердам донесе декрет според кој навивачите во арената „Јохан Кројф“ нема да смеат да носат натписи со кои ќе бараат фудбалерите да им даваат дресови по натпреварите.

Кај холандските гиганти забележаа зголемен број на натписи на натпреварите, најмногу од најмладите навивачи.

Бидејќи им стана невозможно на фудбалерите да одговорат на секое барање, случајно поминуваат пред натпис кој станува вирален и ги обвинуваат дека се арогантни, соопштија од клубот.

Од друга страна, ваквите натписи се и опасни бидејќи најчесто се направени од картон, а бидејќи често се користат пиротехнички средства на натпреварите од холандската лига, се случува и натписите да се запалат.

Во Суперкупот на Холандија помеѓу Ајакс и ПСВ, службата за безбедност неколку пати гасеше токму такви пораки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарското МНР со честитка до Македонија по повод 2 Август

Следно

ВИДЕО | Испливаа снимки од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам како лудо се забавувале пред да се венчаат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian