Денеска романскиот фудбалски клуб Политехника Јаши објави дека нов голман на клубот е македонскиот репрезентативец Ристо Јанков (23).
Нашиот чувар на мрежата висок 190 см потпиша договор со Политехника Јаши кој лани во втората романска лига го освои 11 место.
Роден во Скопје (5 септември 1998 год.) во нашата земја играше за Работнички и Локомотива, а до минатиот месец ги бранеше боите на Каспиј Актау во Казахстан. Во тамошниот шампионат имаше два настапи против Ордабаси и Атирау.
Јанков и натаму го чека дебито за сениорската репрезентација на Македонија. Во февруари 2021 година беше дел од краток тренинг камп на А селекцијата на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје.
Доби и официјален повик од националниот тим за квалификациските натпревари за СП 2022 против Романија, Лихтенштајн и Германија.