Челси нуди 130 милиони евра за тројца играчи на Интер

1 min read

Челси размислува за околу 130 милиони евра да ангажира дури тројца играчи на Интер, пренесува „Калчомеркато“.

Двата тима се во одлични односи, а само во последните 12 месеци најпрво го комплетираа рекордниот трансфер на Ромелу Лукаку од 113 милиони евра од „Џузепе Меаца“ на „Стемфорд Бриџ“, а потоа летово белгиското крило се врати во Италија.

Токму на овие одлични односи во овој случај се потпираат „сините од Лондон“ кои сакаат да ги привлечат Милан Шкриниар, Дензел Данфрис и младата надеж Чезаре Касадеј.

Италијанскиот извор информираше дека цените на тројцата најверојатно ќе бидат структурирани во варијанта од околу 70 милиони евра за централниот дефанзивец Шкриниар, околу 40 за Холанѓанецот Данфрис и помеѓу 15 и 20 за младиот Касадеј.

Преговорите меѓу двата тима се во тек, но не е јасно во која фаза се. Интер повторно има финансиски проблеми и треба да продава играчи за да може да ги балансира финансиите. Шкриниар беше блиску до трансфер во Пари Сен Жермен, но истиот не беше реализиран.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новата преодна влада на Бугарија положи заклетва пред претседателот Румен Радев

Следно

Павароти 15 години по смртта добива ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian