ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево, топло но и ветровито време

1 min read

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер (до 60 километри на час) од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 километри на час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Курти е срам за денешниот Балкан“: Брнабиќ го брани Вучиќ откако Приштина го обвини дека е виновен за тензиите

Следно

Дневен хороскоп за 1 август: Следете ги вашите чувства

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian