Во северно Косово осамнаа билборди со пораката „Добредојдовте во ЗСО“

1 min read

Четири општини на северот на Косово со српско мнозинство утрово се разбудија со пораки „Добредојдовте во Заедницата на српските општини“.

На билбордите и плакатите низ Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубина Поток и Звечани се видливи паролите „Ова е ЗСО“, со симболи и пораки на англиски јазик кои говорат за оваа организација.

Тие пораки биле истакнати на главното шеталиште во Северна Митровица, на билбордите лоцирани на влезовите и излезите на четири општини, пренесува Нова.рс.

Договорот за формирање на ЗСО е постигнат во 2013 година, пред точно 3.391 ден, што Приштина не го исполни, а неколку пати претходните денови можеа да се слушнат пораки и барања на Србите од Косово и Метохија дека сакаат формирање на ЗСО и дека тоа е обврска што Приштина мора да ја исполни.

Владата во Приштина го одложи спроведувањето на реципрочните мерки кон Србија за еден месец. Одлуката е донесена по средбата на шефовите на косовските држави со американскиот амбасадор Џефри Ховени. САД побараа спроведувањето на одлуките да се одложи за 30 дена.

Вчерашниот ден беше одбележан со тензии на двете страни, но за среќа конфликтот не ескалираше.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фотогалерија: Како некогаш летуваа скопјани!

Следно

Фернандо Алонсо ќе го замени Фетел во „Астон Мартин“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian