Фудбалерите на ПСЖ го освоија Суперкупот на Франција откако во Тел Авив (Израел) го совладаа Нант со убедливи 4:0.
Тоа е првиот трофеј во ерата на новиот тренер Кристоф Галтие, кој во текот на летото го замени Маурисио Покетино.
Два гола постигна Нејмар, во 45+5 и 82 минута, а погодуваа и Лионел Меси во 22 и Серхио Рамос во 57 минута.
Особено атрактивен беше првиот гол на Нејмар од слободен удар, како и оној на Рамос, кој со пета ја затресе мрежата на „канаринците“.
Новиот тренер Галтие во составот го немаше на располагање Килијан Мбапе. За парижаните ова е 11 трофеј во Суперкупот.