ВИДЕО | 12 години подоцна: Дру Баримор откри интересни детали за љубовната врска со Џастин Лонг

1 min read

Дру Баримор и Џастин Лонг се забавувале само две години, од 2008 до 2010 година, но и дванаесет години подоцна, актерката има само убави зборови за Џастин, а притоа ја истакна и причината поради која актерот ужива голема популарност меѓу жените.

„Бев навистина вљубена во него. Дали сакате да знаете како успева да има толку многу девојки? – му откри на Мајк Бирбил за време на подкастот „A Little Bit Extra“ на крајот на јули.

„Има повеќе причини, но главната мора да биде хуморот. Тој има еден од најострите умови, комедијата е  неговата силна страна. Може да ве собори колку ќе се смеете“ – истакна Дру, а потоа направи уште еден осврт на таа врска.

„Никогаш не ми беше јасно зошто толку многу не бркаа папараците. Никогаш не бевме многу забавна двојка“ – објасни таа.

Дру и Џастин останаа во добри односи по раскинувањето. Со текот на времето, тие развија силно пријателство и тие се обожаватели еден на друг.

Актерката, инаку, моментално е слободна жена, додека тој се забавува со Кејт Босворт.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иванишевиќ: Ѓоковиќ ќе игра уште пет години, сака 30 грен слем титули

Следно

Мицкоски: Само народот е владетел на својата држава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian