Вест хем е еден од потенцијалните ривали на Шкендија во плеј-офот на Лигата на конференции

1 min read

Шкендија има до сега успешно лето на меѓународната сцена, се наоѓа на половина пат до остварување целта, пласман во групната фаза на Лигата на конференции.

Во првите две квалификациски кола тетовските „црвено-црни“ успеаја да ги елиминираат Арарат Ереван (Ерменија) и Валмиера (Летонија).

Следен противник на играчите на тренерот Артим Шаќири е шведскиот АИК. Првиот меч е закажан в четврток (4 август) во Стокхолм, а реваншот е една недела подоцна во Скопје.

УЕФА ја објави листата на потенцијалните противници на Шкендија во плеј-офот на Лигата на конференции.

Доколку македонскиот претставник успее да го елиминира АИК, можно е во плеј-офот да добие атрактивен противник, како премиерлигашот Вест Хем.

Жрепката за извлекување на паровите во плеј-офот на Лигата на конференции ќе се одржи во вторник (2 август) со почеток од 14.00 часот во Нион, Швајцарија.

Лига на конференции
Група „4“

Носители
Купс Куопио (Финска) – Јанг Бојс (Швајцарија)
Данди јунајтед (Шкотска) – АЗ Алкмар (Холандија)
Вест Хем (Англија)
Молде (Норвешка) – Кишварда (Унгарија)
Фенербахче (Турција) – Словачко (Чешка)

Неносители
Паиде Линамесконд (Естонија) – Андерлехт (Белгија)
Волфсбергер (Австрија) – Гзира јунајтед (Малта)
Рига (Летонија) – Гил Висенте (Португалија)
АИК (Шведска) – Шкендија (Македонија)
Виборг (Данска) – Б36 Торшавн (Фарски Острови)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пленковиќ: Хрватска сака преку мир и дијалог да се реши ситуацијата во Косово

Следно

ФОТО | Ова е Роузи: Има над 130.000 следбеници и изгледа совршено, но не е вистински човек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian