Аргентинскиот фудбалер би можел ова лето да ја промени средината. Леандро Паредес е на чекор од преселба од ПСЖ во Јувентус.
Францускиот клуб е подготвен да се ослободи од Паредес за 20 милиони евра, пренесуваат странските медиуми.
Од претходно е објавено дека „Старата дама“ понуди 15 милиони евра и бонуси за 28-годишниот дефанзивен играч за врска.
Идејата е Аргентинецот во клубот од Торино да оди на позајмица со опција за откуп во текот на следното лето.
Актуелниот договор на Паредес со францускиот шампион истекува во јуни 2023 година. Минатата сезона за париските „светци“ одигра 22 натпревари.