Јуниорите редат порази на Европското првенство во Измир

1 min read

Македонската јуниорска репрезентација загуби и на третиот натпревар на Европското Првенство за кошаркари до 18 години во Измир (Турција), по поразите од Израел и од Франција.

Во резултатски тесен натпревар, избраниците на селекторот Тони Симиќ загубија и од Велика Британија со 69:71 односно 17:16, 16:20, 16:14 и 20:21 по четвртини.

Во текот на четирите периоди на теренот двете репрезентации беа изедначени. По неколку нереализирани акции успеавме да ја растресеме мрежичката на противничката страна на теренот и да поведеме со „скромни“ 2:0 за отворање на резултатот.

Кошаркарите на Велика Британија знаеја да одговорат на нашите акции со шитеви од далечина, па ја одржуваа негативата на минимални два поени. Во вториот период, Британците продолжија со неколку шутерски серии со кои успеаја да го преземат водството и да го одржат до паузата 33:36.

Во вториот дел од мечот повторно ја преземавме иницијативата на теренот, па со серија од 8:0 (37:43, 45:43) го преземавме водството. Исто темпо на игра имаше и во четвртиот последен период за овој дуел – серии на постигнување на поени за префрлување на водството на двете селекции, сè до конечните 69:71.

Најефикасни во нашите редови беа Теодор Симиќ и Тома Стојаноски остварија дабл-дабл ефект од 19 поени и 12 скока односно 14 поени и 11 скока.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шанса за Центар: Градот не може и не смее да се покрие целосно со асфалт!

Следно

ФОТО | Оваа млада дама е ќерка на Бјорк: Исидора е надежна актерка и ново лице во светот на модата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian