Таткото на Илон Маск: Не се гордеам со мојот син и не возам „Тесла“

4 mins read

Таткото на Илон Маск, Ерол Маск, призна дека не се гордее со својот син милијардер и дека не вози „Tesla“, а во радио интервјуто за „Kyle and Jackie O Show“ објасни зошто се оженил и добил дете со својата поќерка.

Таткото на извршниот директор на „Tesla“ рече дека според него, Илон ја „преминал границата“ на она што го смета за успех, но исто така откри дека семејството Маск „долго време прави најразлични работи“.

„Вашиот потомок е гениј. Тој вреди толку многу пари и создаде толку многу што не можете да му го одземете тоа. Дали сте горди?“, го праша водителот. На прашањето од каде потекнува генијалноста на Илон, неговиот татко истакна дека можеби за тоа е виновен млекарот кој тогаш ги посетувал, а не тој или неговата мајка Меј, а потоа откри и дека не се гордее со својот син.

„Не сум. Знаете, ние сме семејство кое веќе долго време работи, не е како наеднаш да почнавме да правиме нешто“, рече Ерол, додавајќи дека сите негови деца прават „интересни работи“ долго време и дека никогаш не барал милостина од својот син милијардер. Тој откри дека се гордее со помладиот брат на Илон, Кимбал. Кимбал е исто така милијардер, иако не е ни приближно богат како неговиот постар брат Илон, кој е познат како најбогатиот човек на светот.

„Ние сме многу штедливо, скржаво семејство“

На прашањето на водителот дали вози „Tesla“ тој одговорил дека повеќе сака „Bentley“, „Rolls-Royce“ и „Mercedes-Benz“. Тој исто така посочи дека не добил ни денар од неговиот син.

„Ние сме многу штедливо, скржаво семејство. Ако сакам да потрошам нешто, треба да одговорам на 100 прашања зошто. Илон живее многу штедлив живот. Тој е на работа уште во 6 часот наутро“, рекол таткото на познатиот милијардер.

Ерол вели дека се грижи дека Илон, кој моментално е сингл, никогаш нема да најде жена која ќе се откаже од кариерата за да биде дел од неговиот живот, како што тоа го направила сопругата на Кимбал, Кристиана Вајли и покрај тоа што е образована и е магистар.

„Таа е со него цело време и тоа е многу, многу убаво. Илон го нема тоа и јас се грижам за него“, рекол Ерол.

Ерол се осврна и на неговата врска со неговата 34-годишна поќерка Јана Безуиденхаут, со која има две мали деца. Тој смета дека неговиот однос со неговата поќерка е сосема нормален.

„Допрва треба да го запознаам мажот кој не сака да биде женкар, па кога ќе го запознаам, ќе ви кажам“, рече Ерол, кој беше во брак со мајката на Јана две години во 1990-тите и по разводот не ја видел ниту разговарал со Безуиденхаут до 2014 година. Таа го контактирала кога тој поминувал низ тежок период и нивната врска се претворила во романса.

Кога еден од водителките сугерираше дека Јана е негово биолошко дете, Ерол се обидол да ја промени темата. „Не, не, тоа е сосема нормална врска“, рекол тој и покрај големата разлика во возраста. Минатиот месец тој откри дека тој и Безуиденхаут добиле ќерка во 2019 година, една година по раѓањето на нивното прво дете, синот Елиот Раш, кој сега има пет години.

Тој откри и дека на Елон Маск и на неговите сестри не им се допаѓа неговиот однос со нивната полусестра. „Сè уште не ја сакаат. Сè уште им е малку морничаво затоа што таа е нивна сестра. Всушност, полусестра“, рече тој тогаш.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Сеск Фабрегас ќе игра во италијанската Серија Б

Следно

Одбележување на Илинден: Ковачевски и владината делегација ќе се обратат од Мечкин Камен, а Пендаровски од „Св. Прохор Пчински”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian