Стано: ЕУ е убедена дека има решение за спорот и ги покани претставниците на Белград и Приштина на разговор

1 min read

Европската унија е убедена дека преку дијалог меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, може да се најдат решенија и да се отстранат тензиите на Косово, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската комисија Петер Стано. Тој нагласи дека „ЕУ не би била ангажирана ако е беше убедена дека ќе се најде решение” и затоа ги покани двете страни да дојдат во Брисел на разговори.

„ЕУ смета дека е важно сите оние кои се вклучени во некоординирани и еднострани акции кои го нарушуваат мирот и стабилноста на теренот и кои ја спречуваат слободата на движење на сите граѓани таму, мора веднаш да го прекинат“, рече портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

Единствениот начин за решавање на споровите се дијалогот и преговорите, рече Стано, посочувајќи дека „Европската унија и нејзините членки со посебно внимание и загриженост ги следат настаните на северот на Косово“.

„ЕУ беше и сега е во контакт со двете страни, Косово и Србија, и ние работиме заедно со ЕУЛЕКС и НАТО, со мисијата КФОР на теренот, како и со меѓународните партнери, особено со САД, и нашата цел е да се намали тензијата да се намали”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се чистеше песок истурен на јавна сообраќајна површина во Бардовци

Следно

Менаџерот на Јунајтед Тен Хаг „отпиша“ уште двајца играчи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian