Се отстрануваат барикадите на северот на Косово, наскоро нормализирање на сообраќајот

1 min read

Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуката на Приштина за менување на српските регистарски таблички и документи

На северот на Косово почна отстранувањето на барикадите од сите главни и споредни патишта, се поместуваат камиони за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот. Насобраните Срби се разотидоа од барикадите и за два часа се очекува целосно да се одблокираат патиштата и повторно да профункционираат граничните премини Јариње и Брњак, јавува репортерот на РТС.

Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуката на Приштина за менување на српските регистарски таблички и документи.

По притисокот на меѓународната заедница, владата на Косово се согласи спроведувањето на овие мерки да се одложи за 30 дена.

Косовскиот премиер Албин Курти утринава изјави дека мерките за реципроцитет ќе престанат да се применуваат штом се отстранат сите барикади.

Во северно Косово осамнаа билборди со пораката „Добредојдовте во ЗСО“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

7.626 квадратни метри во Скопје обележани со хоризонтална сигнализација

Следно

Голем неделен хороскоп (1-7 август): Овните ќе копнеат по слобода, Лавовите ќе бидат добро организирани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian