Се чистеше песок истурен на јавна сообраќајна површина во Бардовци

1 min read

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за чистење на големо количество песок истурен на јавна сообраќајна површина во скопската населба Бардовци.

Со употреба на специјалните комунални возила – метларка, патарка и автоцистерна, екипите на Претпријатието до доцните ноќни часови го расчистуваа теренот, со цел улиците во населбата Бардовци повторно да бидат целосно проодни за движење на возилата и пешаците, информираа надлежните. 

Активностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во населбата Бардовци ќе продолжат во текот на денешниот и утрешниот ден. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Албанија и Шпанија со заеднички групи за истрага на организираниот криминал

Следно

Стано: ЕУ е убедена дека има решение за спорот и ги покани претставниците на Белград и Приштина на разговор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian