Почина легендарната Нишел Николс, ѕвездата на „Ѕвездени патеки“

2 mins read

Американската актерка Нишел Николс починаа вчера на 89-годишна возраст.

Синот на легендарната Нишел, Кајл Џонсон ја сподели тажната вест на својата официјална страница на Инстаграм.

Кајл објавил фотографија од ѕвездата на актерката на Булеварот на славните во Холивуд покриена со цвеќиња.

„Пријатели, обожаватели, колеги, со жалење ве известувам дека големата светлина на небескиот свод повеќе не свети за нас, како што светеше толку многу години. Синоќа, мајка ми, Нишел Николс, почина од природна смрт. Меѓутоа, нејзината светлина, како и древните галаксии кои сега се гледаат за првпат, ќе останат за нас и за идните генерации да уживаме, учиме и црпиме инспирација. Нејзиниот живот беше добро проживеан живот и како таков модел за сите нас. Јас и остатокот од нашето семејство, ќе го цениме вашето трпение додека жалиме за загубата и додека не се опоравиме доволно за да зборуваме понатаму. Нејзините услуги ќе бидат за членовите на семејството и нејзините најблиски пријатели и бараме таа и нашата приватност да се почитуваат. Живејте долго и напредувајте, Кајл Џонсон“, напишал синот на актерката.

Нишел се прослави со улогата на поручник Ниота Ухура во „Ѕвездени патеки“ и беше една од најомилените членови на заедницата „Ѕвездени патеки“.

Она што ја правеше особено препознатлива е рушењето на бариерите и стереотипите кои постоеја кога станува збор за црните жени на телевизија.

„Star Trek: The Original Series“ во 1966 година ја одбележа кариерата на Нишел Николс. Таа со својата работа успеа да ги заобиколи воспоставените предрасуди со кои се соочуваа црнците во тогашниот телевизиски и филмски бизнис.

На пример, таа и Вилијам Шатнер, кој го играше капетанот Кирк, се бакнуваа во една епизода што се емитуваше во 1968 година. Тоа беше еден од првите меѓурасни бакнежи на телевизија, а се случи во време кога бракот меѓу белците и црнците сè уште беше нелегален во 17 американски држави.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Единиците на КФОР подготвени за интервенција доколку се загрози стабилноста, засега мирно на Косово

Следно

Како котира македонската армија на светско ниво

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian