Папата Франциск во септември во Казахстан

1 min read

Ватикан потврди дека поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, следниот месец ќе отпатува за Казахстан, каде што можеби ќе се сретне со рускиот патријарх Кирил.

Папата Франциск (85) од 13 до 15 септември ќе присуствува на меѓуверска конференција во Нурсултан, главниот град на Казахстан, соопшти денеска Ватикан.

Франциск го откажа планираниот состанок со Кирил во Ерусалим во јуни поради можни дипломатски последици, бидејќи поглаварот на Руската православна црква ја оправда руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја „метафизичка“ битка со Западот. Кирил ги благослови и војниците кои одат во војна против Украина и тврдеше дека Русите и Украинците се еден народ.

Папата Франциск ја критикуваше руската инвазија врз Украина и поддршката на Кирил за војната, а во мај рече дека рускиот патријарх не треба да стане „момче од олтарот“ на рускиот претседател Владимир Путин. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Русковска: Јавниот обвинител не може да се меша во конкретните предмети на обвинителите

Следно

ВИДЕО: Сеск Фабрегас ќе игра во италијанската Серија Б

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian