Одбележување на Илинден: Ковачевски и владината делегација ќе се обратат од Мечкин Камен, а Пендаровски од „Св. Прохор Пчински”

2 mins read

По повод големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, премиерот Димитар Ковачевски заедно со владината делегација ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево.

Дел од владината делегација ќе бидат првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински”, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински” се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, веќе петта година по ред го слави Илинден во струшкото село Ташмаруништа. Во ова село, каде за време на Илинденското востание во 1903 –та година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и турската војска, веќе 70 години се одржува илинденска прослава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Таткото на Илон Маск: Не се гордеам со мојот син и не возам „Тесла“

Следно

Од Германија во Украина пристигна ракетниот систем „МАРС 2“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian