Нормализиран сообраќајот на Јариње

1 min read

Еден камион успеал да го помине административниот премин кај Јариње, а сообраќајот е нормализиран по 26 часа, јавија српските медиуми.

Портпаролот на косовската полиција за северниот регион, Бранислав Радовиќ, претходно денеска изјави дека сите барикади на северот на Косово и Метохија се отстранети.

Тој за Радио Слободна Европа изјави дека ситуацијата на теренот во моментов е мирна.

Претходно, само некои од деветте барикади што Србите ги подигнаа на северот на покраината беа отстранети поради одлуката на косовската влада да започне со издавање документи за влез-излез за патниците од централниот дел на Србија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Планетите се на нивна страна: Два хороскопски знаци во август ќе доживеат голема среќа

Следно

ЕП, Дивизија „Б“: Јуниорките поразени и од Велика Британија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian