Неодолива убавица со пишкоти која не се пече, со бел и со фил од нутела

1 min read

Пишкотите, чоколадниот и белиот фил е сè што ви е потребно за совршен колач. Толку едноставно се прави, сè што треба да направите е пишкотите да ги натопите во млеко, па преку нив да сипете бел фил кој се состои од слатка павлака и маскарпоне сирење. Врз белиот фил се става чоколадниот за кој ви потребни нутела, слатка павлака и чоколадо.

Кога сите овие состојки ќе се спојат во еден колач ќе добиете неверојатно вкусен деликатес.

А, што е најважно, овој колач не се пече.

Состојки:

– 150 г пишкоти

– 200 мл млеко

– 300 г чоколадо

– 200 мл слатка павлака

– 100 г нутела

За филот:

– 500 мл слатка павлака

– 500 г маскарпоне сирење

– 80 г шеќер во прав

– 1 лажица ванилин шеќер

Подготовка:

Чоколадото и слатката павлака растопете ги, па додадете ја нутелата и мешајте додека сè се соедини. Изматете ја слатката павлака, па додадете го маскарпонето и шеќерот во прав.

Потопете ги пишкотите во млеко и наредете ги во калапот.

Прелијте ги со половина од белиот, а потоа со половина од чоколадниот фил. Потоа преостанатиот бел, па чоколадниот фил.

Оставете во фрижидер околу 30-40 минути.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: ПСЖ на „крилјата“ на Нејмар, Меси и Рамос го освои францускиот Суперкуп

Следно

Гутереш го поздрави отпловувањето на првиот брод од Одеса со украинско жито

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian