Менаџерот на Јунајтед Тен Хаг „отпиша“ уште двајца играчи

1 min read

Како што пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Ерик тен Хаг оваа сезона ќе смета на Лук Шо и Тајрел Маласија. Под овие услови, Бразилецот Алекс Телес ќе биде отстранет од тимот. Севиља се чини дека е фаворит за купување на играчот во моментов.

Но, постои еден проблем што стои на патот на трансферот, неговата висока плата во Јунајтед, која Севиља не може да си ја дозволи.

Исто така, уште еден играч кој заминува од Манчестер Јунајтед е десниот бек Итан Лерд. Ерик тен Хег многу го цени фудбалерот, но смета дека позајмица би била многу подобра за играчот, поради неговиот развој. Најверојатната позајмица на Итан Лерд е тимот од Чемпионшип Вотфорд, кој неодамна испадна од Премиер лигата.

Од Јунајтед досега си заминаа осум играчи, а до крајот на летниот преоден рок таа бројка сигурно ќе биде уште поголема. Досега од Манчестер јунајтед си заминаа Переира, Погба, Лингад, Матиќ, Мата и Кавани, додека Дин Хендерсон и Алваро Фернандез заминаа на позајмица во Нотингем, односно Престон.

Кога станува збор за заминувањата од Јунајтед, не може да не се спомене Кристијано Роналдо, кој сака да го напушти клубот од стартот на преодниот рок бидејќи оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Неговата судбина и натаму е неизвесна и дефинитивно нема да знаеме до самиот крај на летниот пазар во чиј дрес ќе го гледаме португалскиот напаѓач.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стано: ЕУ е убедена дека има решение за спорот и ги покани претставниците на Белград и Приштина на разговор

Следно

ФОТО | Прстен во форма на печурка со 24.679 дијаманти е новиот рекордер во Гинис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian