Ковачевски: Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност останува трајно богатство

1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази сочувство по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.

– Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја, Илинка Митревa. Искрено сочувство до нејзиното семејство, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.

Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност, нагласува премиерот Ковачевски, останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните.

Почина поранешната пратеничка и министерка Илинка Митрева

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ова е Роузи: Има над 130.000 следбеници и изгледа совршено, но не е вистински човек

Следно

Плеврис: Наесен очекуваме пораст на ковид-случаите, но намерата ни е да не воведеме мерки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian