Иванишевиќ: Ѓоковиќ ќе игра уште пет години, сака 30 грен слем титули

2 mins read

Новак Ѓоковиќ напорно тренира и чека поволни вести од САД дека може да учествува на следниот грен слем турнир „УС Опен“, за да атакува на 22 Грен слем титула. Засега прогнозите не се оптимистички, но сè додека има шанса Србинот нема да се откаже.

Но, и да не го пуштат да игра во Њујорк, Новак има долгорочна цел значително да го подобри гранслем билансот, а тоа во интервјуто за агенцијата „Хина“ го кажа неговиот тренер Горан Иванишевиќ.

Иванишевиќ откри дека Ѓоковиќ планира да игра уште најмалку пет сезони и дека неговата крајна цел е да стигне до 30 Грен слем трофеи, што секако би било вечен рекорд кој тешко би бил достигнат.

– Неколку пати разговарав со него за тоа, целта му е да игра уште пет години и да стигне до 30 Грен слем тотили. Тоа е нешто што отсекогаш го имаше на ум. Доколку не биде повреден, верувам дека е способен да ја оствари таа цел – рече Иванишевиќ.

Тој додаде дека уште пред да почне да работи со Новак знаел дека тој и Надал ќе го престигнат Федерер, кој тогаш беше лидер по бројот на освоени Грен слемови.

– Уште пред да станам тренер на Нолет, реков дека заедно со Надал на крајот ќе освои повеќе Грен слемови од Федерер. Доколку се здрави, немаат граници. Мислам дека ќе продолжат да победуваат – вели Иванишевиќ.

Потсетување дека грен слем турнирот „УС Опен“ годинава ќе се одржи од 29 август до 11 септември. Моментно на вечната листа по бројот на освоени грен слем титули на врвот се наоѓа Рафаел Надал со 22, пред Ѓоковиќ (21) и Федерер (20), а далеку зад нив е поранешниот американски тенисер Пит Сампрас (14).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Плеврис: Наесен очекуваме пораст на ковид-случаите, но намерата ни е да не воведеме мерки

Следно

ВИДЕО | 12 години подоцна: Дру Баримор откри интересни детали за љубовната врска со Џастин Лонг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian