Голем неделен хороскоп (1-7 август): Овните ќе копнеат по слобода, Лавовите ќе бидат добро организирани

10 mins read

Овен

Некои задачи ќе мора да ги завршите со соработка на непроверени соработници, па затоа внимателно следете ја нивната работа. Проверете ги резултатите од вашата работа, за да бидете сигурни дека на крајот ќе постигнете успех. Копнежот за слобода би можел да ве поттикне да ја разладите врската. Во вас ќе се акумулира незадоволство, па ќе имате чувство дека навиката донекаде ја заменила љубовта. Обидете се да внесете свежина во врската, испланирајте заеднички одмор со партнерот. Заборавете на неуредниот живот и малку подобро грижете се за вашето здравје. Слободното време користете го за прошетка на свеж воздух и спијте повеќе. Обидете се да ги решите семејните проблеми бидејќи неусогласените односи со членовите на семејството негативно влијаат на вашето расположение.

Бик

Работите на професионално поле се подобруваат за вас од 5 август така што ќе бидете приспособливи и спонтани. Ќе се истакнувате во одлучувачки ситуации. Може да имате информации кои ќе фрлат ново светло на некој однос или нечии постапки. Не плашете се ако вашата врска пребрзо преминува во посериозните води. Препуштете се на вашите чувства и не дозволувајте сомнежот да го намали вашето задоволство. Другите ќе ве советуваат и ќе се мешаат во вашиот интимен живот – спречете ги во тоа. Оваа недела ќе бидете изложени на стресни ситуации. Можеби ќе имате премногу работа или ќе влегувате во судир со неистомисленици.

Близнаци

Ако едно кажувате, а друго правите, нема да оставите добар впечаток. Избегнувајте да давате празни ветувања. Вашите идеи ве издвојуваат од просекот, затоа не го потиснувајте вашиот оригинален дух и креативност. Односот со партнерот се подобрува, па разликите меѓу вас ќе заминат во втор план. Ќе ве обединат заеднички цели, па повеќе ќе се потпирате еден на друг. Биковите кои се сингл ќе се најдат опкружени со нови можности, но нивното срце ќе чука само за една личност. Порасположени сте, активниот социјален живот и пријателите ве извлекуваат од досада и незадоволство.

Рак

Ќе решавате клучни проблеми и ќе ги зајакнете финансиите. Низа добри потези што ќе ги направите ќе дадат добри резултати во иднина. Некои ќе учествуваат во подготовка на голем проект и ќе се истакнат. Надополнете го пропуштеното, поминете повеќе со најблиските, децата и партнерот. Социјалниот живот ќе ви цвета, па некое излегување неделава може да резултира со убаво познанство. Венера во Рак ја зголемува вашата привлечност и љубов – сега е време да заведете некого! Венера во вашиот знак ве разубавува и ве прави пољубезни и подружељубиви. Тука е и поволниот Марс во Бик, кој ќе ви дава енергија и оптимизам за да немате никакви проблеми.

Лав

Ќе бидете ненадминливи во организацијата, спроведувањето на идеите во дело, трговијата и финансиските работи. Покажете ги своите амбиции без страв, побарајте од вашиот шеф да ве вклучи во посериозни проекти. Развојот на емотивните настани нема да биде во ваша корист. Затоа, не го предизвикувајте партнерот со расправии и неосновани сомнежи. Покажете дека му верувате и бидете искрени, без разлика колку ве привлекува трето лице со кое со задоволство би споделиле интимни моменти. Витални сте и енергични, но неповолното влијание на Марс може да ви ја разниша самодовербата или да ви го уништи расположението. Можни се минливи изливи на анксиозност. Потребен ви е одмор.

Девица

Позитивната реакција од вашите претпоставени ќе ви даде поттик за нови победи. Оваа недела можете да се пофалите со завидна работна енергија и извонредна интуиција. Ќе се претставите добро дури и во стресни ситуации. На љубовен план ќе се соочите со расправии, стравови и грижи. Забележувате дека партнерот кон вас се однесува со поголема почит и внимание. Слободните пак, имаат нови љубови на хоризонтот. Иако ќе бидете несигурни, тоа ќе биде многу симпатично за другата страна. Одамна не сте биле во толку добар астролошки период како сега. Имате многу енергија, па добро ќе ги поднесете сите напори.

Вага

Избегнувајте конфликти на кои ќе ве принуди неповолната положба на Меркур. Не дозволувајте вашиот успех и задоволство на работа да зависат од другите. Може да ви се довери важна задача. Ќе бидете сигурни што сакате и што очекувате од партнерот. Отворено ќе разговарате за вашите сомнежи, па дури и ќе се расправате ако забележите дека сте погрешно разбрани. Можно е да ја прекинете врската во жарот на расправија, а подоцна да зажалите за својата избрзаност. Ќе бидете полни со оптимизам и дружељубиви, но вашето тело понекогаш нема да може да го издржи динамичното темпо на кое ќе го изложите.

Скорпија

Без оглед на вашето искуство и образование, ќе се бара да стекнете нови вештини и снаодливост во некои нови деловни ситуации. Нема да бидете склони кон отстапки и тврдоглаво ќе ги браните своите ставови. Решени сте да освоите нечие срце. Ќе се појавувате на вистинските места во вистинско време. Не обрнувајте премногу внимание на лошите јазици и озборувања. Можеби ќе ви се допадне личност која живее далеку од вас. Ќе направете сè за повторно да се видите. Марс во Бик најавува привремени вртоглавици, болки во мускулите или воспалителни процеси. Важно е да живеете што е можно помирно, без преголема возбуда, алкохол или тешка храна.

Стрелец

Ќе бидете под притисок поради рокови кои се приближуваат. Шефовите ќе бараат премногу од вас, дури и ќе се сомневаат во вашите квалитети. Не обидувајте се да се докажете со зборови, туку со квалитетот на вашата работа. Парите на кои сметате ќе доцнат. Урамнотежете ги чувствата, дајте му поголема слобода на партнерот и не го провоцирајте. Нови романси, возбудливи средби и необични искуства поврзани со патувањата ќе го вратат оптимизмот кај оние кои не се во врска или брак. Сепак, внимавајте да не се заљубите во некој погрешен. Се наоѓате во одличен астролошки период, ќе ви годи некое патување, особено летен одмор на море.

Јарец

Ќе имате големи шанси од обезбедување на интелектуални услуги и проширување на бизнисот надвор од вашето место на живеење. Некои ќе заработат пари како надворешен соработник или професионален консултант. Некое потенцијално патување ќе ви донесе голем профит. За Јарците старите љубовни проблеми ќе се појават со полна сила, а вие ќе бидете склони кон донесување одлуки за кои подоцна ќе зажалите. Доколку планирате да започнете заеднички живот, подобро е да почекате бидејќи сте во период кој нема да поддржува избрзани одлуки. Не се залажувајте. Одлично време е да се посветите на спорт.

Водолија

Деловната комуникација ќе бара поголема претпазливост од вас. Ќе свртите некого против себе со несоодветна изјава. Се борите против нечиј обид да ви наметне дополнителни обврски или да ве придобие кон своите цели. Ќе воспоставите некаков облик на соработка со некој кој навистина ви се допаѓа или ќе ви се допадне личноста со која сте во професионална или пријателска врска. Зафатените Водолии ќе поминат низ кризни денови – премногу му замерувате на партнерот и не можете ништо да премолчите. Се наоѓате во напнат астролошки период, па добро е што повеќе да се грижите за вашето здравје. Изложеноста на стрес оваа недела ќе биде зголемена, а некои хронични болки може повторно да се разгорат.

Риби

Не се вознемирувајте ако се променат плановите. Едноставно приспособете се на околностите. Ќе станете ладни во соработка со личност чии ставови се неприфатливи за вас. Венера ве разгалува со поволни можности и го истакнува вашиот шарм и привлечност. Говорот на телото и страсните прегратки на саканата личност ќе ги одбележат деновите што претстојат. На слободните Риби ќе им се допадне некој кој ќе биде привлечен од нивната енергија, а привлечноста би можела да биде обострана. Подобро ќе се грижите за себе. Оваа недела е одлична за сите форми на разубавување на телото и нега на лицето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се отстрануваат барикадите на северот на Косово, наскоро нормализирање на сообраќајот

Следно

Нов Зеланд ги отвори границите за странци по повеќе од две години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian