ФОТО | Прстен во форма на печурка со 24.679 дијаманти е новиот рекордер во Гинис

2 mins read

На оние на кои еден дијамант не им е доволен, индиската компанија „СВА дајмондс“ има совршен прстен за нив во форма на печурка, во кој се наоѓаат 24.679 дијаманти.

Компанијата за производство на накит со седиште во Индија го собори Гинисовиот рекорд, така што во еден прстен вградила неверојатни 24.679 дијаманти.

Овој спектакуларен прстен во својот дизајн потсетува на печурката буковка.

„Печурката буковка симболизира бесмртност и долговечност“, навел во соопштението Абдул Гафур Анадијан, извршен директор на „СВА дајмондс“.

Сложената структура на прстенот е создадена со излевање злато во пластичен калап, за да се создадат 41 уникатно ливче од печуркa. Секое ливче потоа е рачно украсено со природни дијаманти.

Блескавиот прстен тежи 340 грама, а неговата вредност се проценува на 95.243 долари, се наведува во соопштението. Тим од независни гемолози го верифицирале прстенот, а светскиот рекорд беше доделен уште во мај.

Креацијата „СВА дајмондс“, инспирирана од печурка, има речиси двојно поголем број на дијаманти од претходниот рекордер. Харшит Бансал ја освои титулата во 2020 година со цветен дизајн обложен со 12.638 дијаманти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Менаџерот на Јунајтед Тен Хаг „отпиша“ уште двајца играчи

Следно

Тензиите на Косово го вклучија алармот во регионот, Македонија на штрек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian