ФОТО | Оваа млада дама е ќерка на Бјорк: Исидора е надежна актерка и ново лице во светот на модата

1 min read

Ќерката на исландската музичка ѕвезда Бјорк и уметникот и режисер Метју Барни, таа е ѕвезда на најновата кампања за накит што ни доаѓа од брендот „Miu Miu“.

Еклектичната ексцентричност на младата Исидора (19) и се допадна на оваа престижна модна куќа, а идната актерка одлично се снајде во новата улога.

Линијата на накит на познатиот бренд ја потпишуваат уметниците Натали Џурберг и Ханс Берг, а покрај создавањето колоритни парчиња, дуото е заслужно и за креативниот правец на кампањата фотографирана од Џулиен Мартинез Леклер.

Што се однесува до Исидора, оваа млада девојка потекнува од семејство на истакнати уметници, па не е чудно што започнала да плива слични води како нејзините родители. Таа е студентка по глума на колеџот Пицер во Клермонт и знаела дека токму тоа сака да го прави кога имала само 13 години. За онлајн порталот „Face“ таа истакна дека нејзината мајка ја поддржала во нејзината одлука.

Исидора е заинтересирана и за музика, но сè уште не одлучила во кој правец би тргнала и засега е посветена на студиите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јуниорите редат порази на Европското првенство во Измир

Следно

Русковска: Јавниот обвинител не може да се меша во конкретните предмети на обвинителите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian