ФОТО | На 70 години позира во бикини: Зошто актерката Даница Максимовиќ никогаш не се омажи?

1 min read

Даница Максимовиќ на 70 години има тело на кое можат да и позавидат многу жени кои се многу помлади од неа. Познатата актерка отсекогаш важела за дама која достојно старее, а според многумина изгледа подобро од било кога.

Во дводелен костим за капење, позирајќи на лулашка, таа ги покажа своите облини и завидната фигура.

Долги години Малдиви беше омилената летна дестинација на актерката, а сега егзотиката ја замени со шармот на црногорското приморје.

„Има ли некој поубав од тебе Дано!“, „Ни девојките не изгледаат вака“, се само дел од коментарите на фановите на актерката.

Да потсетиме дека актерката неодамна откри зошто никогаш не се омажила.

„Едноставно, наша одлука беше да не се венчаме. Нема ништо лошо со нас. Некои луѓе ме осудуваа поради тоа, веројатно врз основа на верата и традицијата, но кога хартијата некогаш утврдила нешто? Кому му е гајле како живеам? Во врската помеѓу две личности се важни, поддршката, љубовта и она што во суштина се живее. И може некаде да има потпис, но тоа ништо не би ми значело. Тоа беше само наша одлука и ништо друго“, изјавила актерката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев

Следно

Борисов: ГЕРБ го отвори европскиот пат за Северна Македонија и Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian