ФОТО | Кејт Мидлтон во ново модно издание: Војвотката се појави во шорцеви

1 min read

Минатиот викенд Кејт Мидлтон учествуваше на трката со катамарани во Плимут под будното око на најуспешниот морнар во историјата на Олимпијадата, Сер Бен Ајнсли.

Пред да облече костим за капење за да учествува на натпреварот „Sail Grand Prix“ миленичката на британската јавност се прошета во шик морнарско издание.

Позната по својата навика да носи претходно видени парчиња, овојпат војвотката од Кембриџ се пофали со сосема нова комбинација. Кејт го долови морнарскиот дух со изборот на џемпер од кашмир во пруги и краток модел на бели панталони украсени со златни копчиња.

Џемперот е од брендот „Erdem“, додека за видениот модел на панталони е заслужен луксузниот британски бренд „Holland Cooper“.

Многумина ја споредија Кејт со стилот на нејзината снаа Меган Маркл. Поранешната американска актерка оваа сезона во неколку наврати се појави со стајлинзи кои вклучуваа елегантни шорцеви, а последниот кој го покажа на крајот на минатиот месец беше на улиците на Њујорк во друштво на иконата на феминизмот Глорија Стајнем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕП, Дивизија „Б“: Јуниорките поразени и од Велика Британија

Следно

Дојави за бомби на неколку локации низ Крагуевац

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian