Фернандо Алонсо ќе го замени Фетел во „Астон Мартин“

1 min read

Фернандо Алонсо ќе биде возач на Формула 1 тимот „Астон Мартин“ од 2023 година. Тој ќе го замени Себастијан Фетел, кој најави повлекување во четвртокот пред трката за ГН на Унгарија.

Искусниот Алонсо нема такви планови, а со оглед на тоа што во „Алпин“ нема повеќе место за него, ќе седне во зелениот болид придвижуван од мотори на „Мерцедес“.

Место во францускиот „Алпин“ следната сезона обезбеди Естебан Окон, а новиот возач на кој сакаат да му дадат шанса е шампионот во Формула 2, Оксар Пјастри.

Алонсо е постојано меѓу освојувачите на поени и неговото враќање во Формула 1 се покажа како успешно.

– Астон Мартин има енергија и посветеност да победи и затоа е еден од највозбудливите тимови во Формула 1. Ги познавам Лоренс и Ленс со години и споделуваме иста амбиција и страст. Никој во Ф1 не покажува поголема визија и посветеност за победа. Сè уште сум гладен и имам амбиција да се борам и да бидам на врвот – вели Алонсо.

Алонсо е во Формула 1 од 2001 година, кога возеше за „Минарди“, а потоа се пресели во Рено, каде стана шампион во 2005 и 2006 година, прекинувајќи ја доминацијата на Михаел Шумахер. Потоа беше во Мекларен и Ферари, каде три пати беше вицешампион. Во 2018 година остана без договор, а кога дојдоа новите правила, Алонсо се врати и уште еднаш ги воодушеви сите во болидот на Алпин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во северно Косово осамнаа билборди со пораката „Добредојдовте во ЗСО“

Следно

ФОТО | Остварила и профит: Амбер Херд ја продаде куќата за која тврдеше дека не е нејзина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian