ЕП, Дивизија „Б“: Јуниорките поразени и од Велика Британија

1 min read

Трет пораз во исто толку натпревари запишаа македонските јуниорки кои од 30 јули учествуваат на Европското Првенство за кошаркарки до 18 години, Дивизија „Б“ кое се одржува во соседна Бугарија.

Кошаркарките покажаа далеку подобра игра и сплотеност на теренот, но не успеаја да го спречат налетот на мотивираните кошаркарки од Велика Британија.

Избраничките на селекторот Никола Златев запишаа пораз од 71:54 односно 16:12, 5:9, 24:19 и 26:14 по четвртини.

Дабл-дабл ефект оствари Михаела Алексовска со 13 поени и 10 скокови. Марија Николов реализира 19 поени, Климентина Модева седум поени и 11 скокови, по пет поени запишаа Христина Ставревска и Мартина Маркоска.

Следи ден одмор, а потоа последниот меч во рамки на групната фаза против селекцијата на Хрватска, на 3 август со почеток од 19.30 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нормализиран сообраќајот на Јариње

Следно

ФОТО | Кејт Мидлтон во ново модно издание: Војвотката се појави во шорцеви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian