Енур Тотре ќе му биде соиграч на Зајков во Ворскла Полтава?!

1 min read

Енур Тотре одлучи да го напушти албанскиот шампион Тирана и како следен негов предизвик во кариерата се најавува украинскиот клуб Ворска Полтава.

Повремениот репрезентативец на Македонија и екс член на Шкендија од 2021 година ги бранеше боите на Тирана.

После елиминацијата од Зрињски во првата квалификациска рунда во Лигата на шампионите, Тотре веднаш најде нов клуб.

Играч на Ворска Полтава е уште еден наш репрезентативец Ѓоко Зајков кој поради руската агресија врз Украина играше како позајмица во Славија Софија.

Со ова Тотре ќе му стане соиграч на дефанзивецот Ѓоко Зајков кој иако од оваа година е член на Ворскла се уште нема официјален настап за истиот со оглед на воедните дејства во Украина, па тој вториот дел го мина на позајмица во Славија Софија.

Новата натпреварувачка сезона во украинското првенство треба да започне на 23 август.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дојави за бомби на неколку локации низ Крагуевац

Следно

Најпопуларниот филм на „Нетфликс“ во моментот, за три дена достигна 88 милиони часови гледаност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian