Дојави за бомби на неколку локации низ Крагуевац

1 min read

Полицијата во српскиот град Крагуевац добила дојави за неколку поставени бомби на различни места во градот. Како што пишуваат српските медиуми, дојавите биле дека се поставени бомби на автобуска станица, во супер маркет и во трговски центри.

Полициското одделение во Крагуевац во периодот од 18.30 до 19.00 часот било известено дека на автобуската станица, во продавницата „Метро“ и во трговските центри „Рода“ и „Биг Фешн“ во тој град биле поставени експлозивни направи.

Како што потврдиле од полициската управа за РТС, од тие објекти биле евакуирани лица.

Во тек е проверка на објектите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Кејт Мидлтон во ново модно издание: Војвотката се појави во шорцеви

Следно

Енур Тотре ќе му биде соиграч на Зајков во Ворскла Полтава?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian