Борисов: ГЕРБ го отвори европскиот пат за Северна Македонија и Албанија

2 mins read

Благодарение на ГЕРБ, Албанија и Република Северна Македонија го започнаа својот пат кон НАТО и ЕУ, изјави лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со Дејвид Харис, извршен директор на Американскиот еврејски комитет.

Борисов потсети дека денеска се навршуваат точно 5 години откако со  тогашниот премиер Зоран Заев го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство.

-Благодарение на нашиот предлог поднесен и изгласан во парламентот, РСМ и Албанија тргнаа по патот на Европа, а ние ги поддржавме прво нив и за НАТО“, рече поранешниот бугарски премиер, пренесува БГНЕС.

На средбата со Харис, Борисов истакна дека е многу важно да има политичка стабилност во Бугарија на позадината на опасните противречности во регионот меѓу Србите и косовските Албанци, меѓу Грција и Турција, како и војната на Русија против Украина.

„Сите наши партнери ширум светот треба да знаат дека ќе работиме на следните точки. Еврозоната:  ГЕРБ ја внесе Бугарија во Европската банкарска унија и чекалната на еврозоната, но за жал владата на Кирил Петков не успеа. Воздухопловните сили: Првите 8 борбени авиони им плативме 100%. Направивме големи напори и желби сега во овој парламент да го добиеме писмото и за вториот дел, но, за жал, владата не го направи тоа. Предложивме плафон на цената на горивата и бензините за Лукоил и Газпром да не заработат 7 милијарди од Бугарија. За жал, владата не го прифати. Предложивме промени и во судството за да нема нови клубови. Ја започнавме диверзификацијата на нуклеарното гориво и го потпишавме првиот договор со Вестингхаус. За жал, оваа влада не го направи тоа“, наведе Борисов.

Тој во следниот парламент вети дека ова ќе бидат првите закони за кои ќе се гласа, па бугарските партнерите од САД и Израел можат да бидат спокојни.

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска потпиша указ за распуштање на 47. Народно собрание на Република Бугарија на 2 август 2022 година. Шефот на бугарската држава закажа избори за Националното собрание на 2 октомври 2022 година. Со земјата од утре ќе управува преодна влада на чело со техничкиот премиер Галаб Спасов Донев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | На 70 години позира во бикини: Зошто актерката Даница Максимовиќ никогаш не се омажи?

Следно

Албанија и Шпанија со заеднички групи за истрага на организираниот криминал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian