Жена по одморот во Хрватска во својот куфер пронашла 18 скорпии

1 min read

Австријка која живее во близина на Линц кога пристигнала дома по одморот во Хрватска, во куферот пронашла 18 скорпии, пренесува „Индекс.хр“.

Жената веднаш стапила во контакт со надлежната служба за контрола на животни, чија приказната ја објавија на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Попладнево нè контактираше една госпоѓа од Натернбах затоа што на патување во Хрватска во нејзиниот багаж се сметиле слепи патници. Поточно, станува збор за скорпии со младенчиња. Животните се обезбедени и ни се предадени и моментално се во резерватот за животни во Линц до нивното враќање назад дома“, стоеше описот на фотографијата објавена на „Фејсбук“.

Инаку, британски „Мирор“ претходно објави дека и жена од Линц на крајот на јуни по враќањето од Хрватска пронашла скорпија во својот стан, но тоа го забележала дури по три недели. Исто така, во Горна Австрија веќе трипати до сега биле пријавени скорпии донесени од Јадранот.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Рајо извлече реми, Димитриевски со мирна мрежа против Манчестер јунајтед

Следно

ВИДЕО: Шпанскиот премиер Санчез донесе пораки на поддршка за македонските евроинтеграции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian