Заседава Советот за безбедност на Косово пред утрешниот старт на реципроцитетот кон Србија

2 mins read

Советот за безбедност на Косово, свикан од премиерот Албин Курти, одржа денеска седница со цел координација на институциите пред утрешното стапување во сила на мерките за промена на српските со косовски регистарски таблички и за опремување на граѓаните на Србија со влезно-излезни легитимации при влез во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на владината служба за информирање по завршувањето на седницата, институциите ги извршиле сите технички и административни процедури за спроведување на споменатите одлуки, со кои, како што се нагласува, се воведува реципроцитет на мерките кои со години ги спроведува Србија кон косовските државјани.

-Утре, на 1 август 2022 година, стапува во сила одлуката на Владата од 29 јуни, за конверзија на табличките во официјални таблички на Република Косово и за преминување на границата со времена писмена изјава која ги заменува документите за лична идентификација од Србија … Нашите институции веќе ги извршија сите технички и административни процедури за спроведување на овие одлуки, се вели во соопштението по седницата на косовскиот СБ.

Владата на Курти исто така им гарантира на косовските граѓани дека „можноста за замена на илегалните (српски) таблички” со косовски, како и преминот на граничните премини „ќе се одвиваат бргу, без пречки и во реално кратко време”.

Од понеделник, 1 август, граѓаните на Србија кои влегуваат во Косово ќе добиваат влезно-излезна лиценца на сите гранични премини, како што тоа повеќе од десет години се прави со косовските граѓани кои влегуваат во Србија.

Исто така, од утре почнува обврската за промена на српските регистарски таблички за косовските возила означени со КМ (Косово и Метохија), со косовски регистарски таблички со ознаката РКС (Република Косово).

Мерките наидоа на остри реакции од страна на официјален Белград, како и на претставниците на косовските Срби.

Нови тензии на Косово, Вучиќ: Од полноќ Приштина почнува акција, ќе спречува влез со српски лични карти и КМ таблички

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Каква среќа“: Американец освоил џекпот од 1,28 милијарди долари

Следно

Алиоски од следната сезона ќе игра за Фенербахче?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian