Во сообраќајна несреќа загинаа двајца членови од продукцијата: Бендот „Тропико“ го откажа концертот

1 min read

Александар П. и Владе М, работници во фирма за монтирање на сценска опрема кои биле ангажирани за настапот на српскиот бенд „Тропико“, загинаа во сообраќајна несреќа што се случила на 30 јули, сабота, околу 13 часот во местото Расна кај Пожега, кога нивното комбе директно удрило во камион кој доаѓал од спротивната насока, а три лица се тешко повредени.

Во моментот на несреќата, поради големата количина на музичка опрема, очевидците мислеле дека се работи за бенд, но подоцна било утврдено дека се работи за работници на фирма која се занимава со поставување бини.

Поради несреќата настапот на српскиот бенд „Тропико“ во Чајетина бил откажан, а бендот за српскиот портал „Република“ изјавија дека се многу потресени од оваа вест.

„Длабоко сме потресени од трагедијата што им се случи на членовите на продукцијата која беше задолжена за вечерашниот концерт. Членовите на нашиот бенд во никој случај не беа учесници во овој немил настан, како што некои медиуми погрешно го протолкуваа. Изразуваме искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, посочија членовите на бендот „Тропико“.

Според очевидци, несреќата се случила кога возачот на камионот се обидувал да престигне возило и директно се судрил со камион кој доаѓал од спротивниот правец. Александар и Владе починале на лице место, додека тројцата повредени биле пренесени во болница каде им била укажана лекарска помош.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ревија на промашувања на Левандовски во победата на Барса

Следно

ХОРОР: Избодени пет лица додека се спуштале по река во Висконсин, загина тинејџер

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian